Албанскиот премиер Еди Рама на неговиот фејсбук-профил објави видео во кое објаснува како бил пречекан во хотелот во кој бил сместен за време на Генаралното собрание на ОН. Тој објасни дека една од девојките во хотелот била менаџерка од Македонија.
„Доаѓа човек од Албанија во хотел во Њујорк и на самата врата, што наоѓа? Три менаџерки од Косово, Северна Македонија и Црна Гора, кои му велат на албански: „Дали ќе се сликаме?“, напиша Рама на Фејсбук
Comments are closed for this post.