Со ребалансот обезбедени се 300 милиони денари за реализација на Мој ДДВ мерка која враќа 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните.
Со оваа мерка, за неполни три месеци, кај граѓаните се враќаат над 2,6 милиони евра. Истовремено, непречено и неселективно се одвива повратот на ДДВ кон фирмите, кој во првите 8 месеци од годината е за 49,7 отсто повисок во однос на 2016 година.Тоа значи дека годинава во стопанството се влезени над 17 милијарди денари, се вели во соопштението од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат дека парите наместо кај граѓаните завршуваат кај Зоран Заев и врхушката на СДСМ.
Популистичките мерки како Мој ДДВ се само уште еден начин и манипулација со кој СДСМ преку превезот „ги враќаме парите кај граѓаните“ дополнително се богати. Реалноста ни говори дека околу 5 милиони евра ќе завршат кај 2 милиони граѓани, а речиси 50 милиони евра ќе завршат кај Зоран Заев и функционерите околу него. СДСМ во јули ветуваше дека до крај на годината ќе се вратат 50 милиони евра, а сега гледаме дека за три месеци вратени се само 2,6 милиони евра. Што значи дека до крајот на годината ќе се вратат само 5,2 милиони евра од предвидените 50 милиони евра. Во чии функционерски џебови ќе завршат преостанатите 44,8 милиони евра?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Дополнително на ова власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.