На поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска и беа презентирани доказите против неа во случајот „Рекет’.
Таа со лисици на рацете беше донесена во Обвинителството за организиран криминал. Откако таа со нејзниот адвокатски тим ќе ги видат доказите таа ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска.
Според адвокатката Фрчкоска, одбраната била известена дека утре ќе и биде врачено известување за завршување на истражната постапка, но таа смета дека обвинителот е должен прво да ја сослуша Јанева па потоа да ја затвори истрагата.
Ова е втор пат Јанева да говори пред Рускоска.Првиот пат беше како сведок, еден ден пред нејзиното приведување.
Comments are closed for this post.