Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека во потрагата по парите од торбата „Луј Витон“, која јавноста ја виде на објавените снимки поврзани со предметот „Рекет“, истражуваат и дали инволвираните во предметот имаат сефови.
Тој ги негира тврдењата на дел од јавноста дека истрагата се одолговлекува.
Го почнавме овој предмет од записник за поднесена кривична пријава, обезбедивме докази и ја почнавме финансиската истрага. До моментот на отворање на истрагата имавме сослушано петнаесетина лица. Се добива впечаток во јавноста дека работиме само кога повикуваме сведоци, но ние имавме определени моменти кога чекавме вештачења и анализи – рече Јовески во интервју за „Код“.
Comments are closed for this post.