Работните групи на власта и опозицијата денеска во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство.Според најавите од двете партии малите се шанси за договор ако се знаат позициите на двете страни.

Утрешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Лидерска средба

Доколку има доближување на ставовите не се исклучува можноста кон крајот на неделата да има нова лидерска средба.