После неуспешниот обид од страна на ВМРО-ДПМНЕ буквално да ги спречи и уништи предметите на СЈО, гледаме и евидентно е како расте паниката во ВМРО-ДПМНЕ. Јасен е нашиот став, имаа можност пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на секои 6 месеци СЈО доставуваше извештаи до Собранието, тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со ништо, значи буквално не се вклучија во дискусија по однос на извештајите на СЈО, велат од СДСМ за обвинувањата на Антонио Милошоски за одолговлекувањето за формирање на Комисија која треба да го испита работењето на СЈО.

Ве уверувам дека ова е уште еден очаен обид од страна на ВМРО-ДПМНЕ на некој начин да се обиде да си го амнестира криминалот и криминалците во сопствените редови, но нема да успеат во тоа. Јасна е намерата, јасни се нашите црвени линии, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, тоа важи, и за ВМРО-ДПНЕ и за секој друг-вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.