Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер ја повика албанската опозиција да се сретне со владејачката партија со цел да се донесе новиот изборен закон. Според американскиот претставник, САД не избираат победници или поразени, и токму затоа бараат дијалог со цел да се донесе нов изборен закон според кој ќе се спроведат новите избори.
Сакаме сегашниот политички ќорсокак во Албанија да се реши. Имаме добро пријателство со сегашната влада, исто како и со поранешната влада. САД не избираат победници или поразени во политичките игри никаде, а не особено на Западен Балкан. Работиме со владите кои се избираат на демократски избори“, изјави Палмер.
Во меѓувреме, опозициските партии истакнаа дека одбиваат дијалог со мнозинството за изборните реформи. Според Албаниан даили њуз, на состанокот на опозициските партии одржан синоќа било договорено да не се одговори позитивно на повикот за дијалог од премиерот Еди Рама.
Изборните реформи ќе се направат откако ќе се реши политичката криза“, рекол на состанокот лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.
Comments are closed for this post.