Во експлозија во близина на предизборниот митинг северно од Кабул, на кој присуствуваше и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, загинаа 24 луѓе, а 31 се повредени, меѓу кои голем број жени и деца.
Според првичните информации, Гани останал неповреден и бил засолнет на безбедно место.
Британските медиуми наведуваат дека на местото на нападот погинале најмалку 14 лица, додека Раша Тудеј и американските меидуми наведуваат дека во нападот има 24 жртви. Раша Тудеј, исто така, дознава дека бомбата била поставена под возило на службата за безбедност.
Портпаролот на авганистанскиот претседател, во изјава за американските медиуми, кажа дека Гани бил присутен за време на нападот, но дека не е повреден и се наоѓа на сигурно место.
Според некои информации, бомбата експлодирала на почетокот на средбата на насобраната толпа приврзаници на Гани.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а останува и нејасно дали претседателот била главната цел на терористите.
Comments are closed for this post.