Грчкиот министер за финансии Христос Стајкурас изјави денеска дека побарал од европските доверители да одобрат предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд.
Стајкурас рече дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра.
Според него, просечната годишна каматна стапка на заемите од ММФ е 4,9 проценти и Грција во моментов може да позајмува поевтини на пазарите, бидејќи каматата на грчките десетгодишни обврзници е 1,6 проценти.
Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош.
Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.
Comments are closed for this post.