Бојан Јовановски, првоосомничен во случајот „Рекет“ е во многу лоша здравствена состојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски.
Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба. Моментално, како што тој вели Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.
Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Клиника за преглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здравствената ситуација на неговиот клиент. Инаку според информациите Јовановски има направено операција подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.
Comments are closed for this post.