Пожар во кој беше зафатена нискостеблеста шума изби над селото Ваташа во кавадаречко, што предизвика итна реакција на екипи на Противпожарната единица од Кавадарци, две екипи на ЈП Комуналец Кавадарци и ЈП Македонски шуми, кои излегоа на терен и делуваа за гасење на пожарот.
По реакцијата на овие екипи, пожарот бил ставен под контрола со што е спречено пожарот да се прошири на поголема површина и да предизвика значителни штети.
Сува трева и нискостеблеста шума гори и во околината на општина Пробиштип, каде што е зафатена голема површина. Пожарот се шири и кон неколку села во светиниколско. Во справување со пожарот се ангажирани 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Тие помош добиваат и од пожарникари од Свети Николе.
За пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.
Comments are closed for this post.