Бројот на сиромашни во Франција кои работат се искачи за 181.000 меѓу 2016 и 2017 година, според најновите бројки на Институтот за економски и статистички студии – ИНСЕЕ. Вкупно имало 2,1 милион вработени сиромашни во однос на 1,9 милиони една година порано, јавува дописникот на МИА.
Според пишувањето на економскиот дневен весник Ла Трибун, ефектите од кризата од 2008 година сè уште се чувствуваат во паричникот на Французите. И покрај подобрувањето во економијата, бројот на сиромашни луѓе на француско тло се зголеми од 8,5 милиони луѓе во 2013 година на 8,8 милиони во 2017 година.
Земајќи ја предвид еволуцијата на вкупното население, стапката на сиромаштија скокна малку за истиот период, од 13,8 отсто на 14,1 отсто. Во исто време, прагот на сиромаштија поставен на 60 отсто од просечниот приход се смени многу малку, растејќи од 1.021 евра на 1.041 евра месечно.
Постојат силни разлики според социо-професионалните категории и состојбата на активните.
На дното на скалата, ситуацијата е многу помрачна. Французите сè уште не го пронашле во 2017 година (11.290 евра) животниот стандард што го имале во 2008 година (11.340 евра). Неодамнешната криза на „жолтите елеци“ го стави фокусот на дебатата за куповната моќ на најниските приходи и за изборот на економска политика направени од различните влади.
Comments are closed for this post.