Парагвајскиот фудбалер Салвадор Кабањас има неверојатна животна приказна. Беше еден од најдобите играчи во својата земја и му претстоеше блескава кариера. Ја одведе својата репрезентација на светското првенство во 2010 години и веќе имал предоговор со Манчестер Јунтајтед.
Тоа сакал да го прослави со пријателите во некоја дискотека но како што велат за лошото не треба многу. Таму се закачил со познат мексикански нарко бос кој му пукал во главата. Салвадор успеал да се опорави но договорот со Јунајтед секако дека пропаднал.
За неколку години се вратил во фудбалот, но никогаш во врвна форма. Во меѓувреме го напуштила и сопругата со децата и тој тонел се подлабоко.
За да ја спаси кариерата потпишал за клуб од третата лига на Парагвај, а во меѓувреме продава леб од локалната фурна. Вели дека на муштериите им е чудно кога ќе го препознаат, но оти од нешто мора да се живее.
Comments are closed for this post.