Познатата американска финансиска компанија „Алијанс Бернштејн“ објави истражување кое ги разоткри вистинските размери на државниот долг на САД, а СиЕнБиСи по тој повод објави специјален прилог под наслов „Реалното ниво на олгот на САД може да достигне 2000 отсто од економијата“, нагласува извештајот на Вол Стрит.
Проценката на „Алијанс Бернштејн“ привлекува внимание не само на бројките со кои оперира, туку на тоа што „должничката дијагноза“ е поставена на многу позната финансиска структура, основана од економистот и милјардер Залман Хаим Бернштејн, кој управува со акции вредни 586 милјарди долари, што на неговата дијагноза додава дополнителна тежина.
После внимателното прелистување на пресметките и препораката на американските финансиски експерти се добива впечаток дека се работи за поготовка на јавноста за кратење на социјалните програми и другите елементи на државната благосостојба.
Фирмата на Залман, кој е еден од основачите на Маршаловиот план активно сигнлизира дека за спасот на американската економија од „должничката гангрена“ ќе биде потребен скалпел или дури моторна пила.
И тоа нема да го „скрати“ она што САД им ги должи на сопствениците на нивните должнички врски туку на американските социјални гаранции. СиЕнБиСи објаснува како „Алајанс Берншејн“ го пресметала долгот на САД и укажува заради што тоа е важно.
„Алајанс Бернштејн“ разработила методологија која дава резултат: САД должат 1832 проценти од својот БДП. Во ова не е вкалкулиран само класичниот државен долг, туку и обврските од социјалните програми како социјалното осигурување, здравственото и државните пензии.
Обично како ниво на долг на САД се навеува 22,5 трилиони долари, што е еквивалент на приближно 106 проценти од американскиот БДП.
Comments are closed for this post.