Посмртните останки на еден човек кој исчезнал пред 22 години на Флорида, САД,се пронајдени во еден потонат автомобил и тоа благодарение на Гугл мапс.
Вилијам Молд исчезнал на 7 ноември 1997 година. Тој бил во еден клуб каде пиел алкохол, а потоа на пат кон дома исчезнал. Тогаш имал 40 години.
На 28 август годинава неговите останки се пронајдени во потопен автомобил во едно мало езерце. По форензичка анализа било утврдено дека пронајдениот костур во автомобилот му припаѓа на Молд.
Но овој настан има интересна позадина – автомобилот е откриен откако еден поранешен жител на таа област на Гугл мапс видел чуден објект во езерцето, па алармирал негов поранешен сосед. Тој во акција го пуштил својот дрон и открил дека навистина станува збор за потонат автомобил.
Инаку, потонатиот автомобил бил ргистриран на Гугл уште во 2007 година, но никој не му обрнал внимание на објектот.
Comments are closed for this post.