Во првите девет месеци од годинава, се уапсени 10 и суспендирани над 30 полициски службеници поради вмешаност во различни кривични дела сторени во Косово. Повеќето од уапсените, како што пишува весникот „Зери“, учествувале во нелегална трговија со наркотични средства.
Полицискиот инспекторат на Косово во споменатиот период покренал истраги за 140 полицајци осомничени за разни незаконски дела.
Познавачи на безбедносните приликиво земјата, за весникот велат дека ниските плати се главната причина за злоупотребите од страна на полицијата.
Од полицискиот синдикат, пак, велат дека полицајците често се жртви на „одредени личности кои се сметаат за недопирливи“ и кои знаат да поднесат жалби до Инспекторатот и за најобични сообраќајни казни кои им се изречени.
Comments are closed for this post.