Репрезентацијата на Бугарија ги имаше златните моменти во средината на деведесеттите години од минатиот век. Тогаш нашиот источен сосед имаше генерација која на Светското првенество во САД беше четврта на светот.
Главен играч беше центарфорот Јордан Лечков кој беше познат по ќелавицата и ударите со глава.
Денеска Лечков е потпретседател на Фудбалската федерација на Бугарија и мака мачи со репрезеннтацијата која наместо за пласман на Светско првенство се бори за четвртото место во групата.
Comments are closed for this post.