По испаѓањто на Србија и вториот главен фаворит на Светското кошаркарско првенство во Кина, репрезентацијата на САД, го завршува настапот во четврт-финалето. НБА тимот на Американците загуби од Франција со резултат 89-79, со што останува надвор од борбата за медалите.
Победникот на овој натпревар беше решен во последните пет минути од средбата кога Американците успеааја да постигнат само три поени. Така, од водство на САД од пет разлика (76-71) се дојде до конечните плус 10 за Франција.
Најдобар играч во француските редови, како и на целиот натпревар, беше францускиот центар Руди Гобер кој мечот го заврши со 21 поен, 16 скокови, три блокади, две асистенции и една одземена топка и беше нерешлива енигма за своите противници, кои не можеа да го сопрат ниту со лични грешки, затоа што Гобер погоди девет од 10 слободни фрлања. Покрај него, одлични беа и Еван Фурние со 22 и Нандо Де Коло со 18 поени.
Кај Американците единствен расположен за игра беше Донован Мичел, кој реализира 29 поени, но освен него само Маркус Смарт со 11 и Кемба Вокер со 10, постигнаа двоцифрен број на поени.
На овој начин, во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место ќе биде дуелот за кој многумина го предвидуваа како финале, Србија-САД, додека Франција во полуфиналето ќе игра против Аргентина.
Comments are closed for this post.