Бугарското обвинителство обвини водач на невладина организација заради шпионажа за Русија, а во обид да одврати внимание на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.
Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел во Рускиот институт за стратешки студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, и за руската невладина организација „Двоглав орел“ од 2010 година.
Николај Малинов е обвинет дека се ставил на располагање на странски организации и шпионирал за нив“, изјави заменик-главниот обвинител Иван Гешев.
Малинов беше ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, потврди главниот обвинител Сотир Кацаров. Обвинителството пронајде документ на руски јазик во кој се зборува за „неопходно геополитичко пренасочување на Бугарија“ подготвено од Малинов.
Comments are closed for this post.