Хаотични и контроверзни сцени се повторуваат од ден во ден и од ноќ во ноќ во британскиот Парламент. Синоќа имаше упте една дебата до доцна во ноќта во која премиерот Борис Џонсон доживеа уште еден пораз, ибројани му се шест во врска со Брегзитот. Овој пат се гласаше за последниот предлог на Џонсон да се спроведат вонредни парламентарни избори пред 14 октомври. За предлогот гласаа 293 пратеници, против без 46, но спикерот Џон Беркоу објави дека немало потребно двотретинско мнозинство при гласањето во Долниот дом.

Уште еднаш, опозицијата смета дека знае подобро“, беше реакцијата на премиерот.

Меѓутоа и после се и после сите парламентарни рани на Борис Џонсон, неговиот советник за Брегзитот за Ројтерс денес изјави со многу доверба:„Вие момци треба да отидите подалеку од Лондон да разговарате со луѓето кои не се баш поддржувачи на останување во ЕУ„…а потоа на прашањето дали Обединетото Кралство излегува од ЕУ навреме, Доминик Камингс кратко одговори:„Да, секако“.

Борис Џонсон претходно изјави дека тој нема да бара пролонгирање на датумот за излез од ЕУ на 31 октомври, неколку часа откако се ратификуваше законот со кој се бара одлагање до 2020 година доколку разводот не се договори до крајот на октомври.

А, како зачин на целиот британски хаос беше највената оставка на спикерот Беркоу. Особено датумот кога Ќе се активира неговата оставка. Ни помалку ни повеќе, туку токму на 31 октомври.