Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем, обвинуваат советниците до ВМРО-ДПМНЕ.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо Владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и икебани, средствата да се пренаменат за пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.
Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари, а Владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје“, се вели во соопштението на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје и се додава наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите.
Comments are closed for this post.