Од тоа што го слушнав на снимките немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот, вели премиерот Заев во интервју за “Фокус” околу случајот “Рекет” на прашањето зошто и откако се споменало дека се води истрага или предистрага ја бранел обвинителката.
Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем, вели Заев.
Во однос на средбата со Камчев, Заев наведе дека во текот на изборната кампања, Камчев побарал итна средба со него, се сретнале и бизнисменот му ги презентирал доказите на премиерот.
Ги гледав, снимките и ги слушав, наведе Заев, посочувајќи дека уште следниот дека го пријавил случајот, бидејќи, како што рече, нели треба да бидеме пример како се постапува во вакви случаи, вели Заев.
На прашањето дали како опозиција ја почитувале пресумпцијата на невиност и дека кога ги објавувале бомбите безмалку ги осудиле или ги обвинувалее функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега и многу приватни разговори од тие преслушувани разговори одат во етер Заев вели дека секогаш ги избирале зборовите на нивните пресови, да кажат индиции што водат кон сомневање.
Comments are closed for this post.