Премиерот Зоран Заев, придружен од министерот за здравство Венко Филипче и заедно со директорот на Градската општа болница „8-ми Септември“, д-р Христијан Костов, денеска присуствуваа на отворањето на Кардиоваскуларниот центар.

илустрација

Продолжуваме во здравството со сите политики коишто дефинитивно ќе го подигнат нивото на здравствените услуги. Во моментов знам дека се распишани постапки за реновирање на скоро сите здравствени установи, на тоа што значи ходници, тоалети и сето тоа што е составен дел од времето што пациентите го поминуваат во нашите здравствени установи. Треба да биде попријатно. Распишани се постапки за опремување на повеќе од 34 здравствени институции во државата, голем дел на тендерски постапки се објавени за дополнително квалитетно здравство за граѓаните-истакна премиерот.