Џо Џонсон, братот на премиерот на Британија, Борис Џонсон, денес си дал оставка на функцијата заменик министер. Од неговата парламентарна канцеларија се соопштува дека причина за оставката е конфликт меѓу националните и семејните интереси.

„Ми беше чест да го претставувам Опрингтон девет години и да служам како министер во мандат на три премиери“, изјави Џо.

На Твитер тој напиша дека „изминатите недели бил поделен меѓу вербата во семејството и националните интереси – тоа е нерешлива ситуација која притиска и затоа дојде време некои други да ја преземат мојата улога како парламентарец и министер“.