Пратеничката и почесната претседателка на Меѓународниот сојузот, Фросина Ременски ги отфрла сите шпекулации за нејзина поврзаност со случајот „Рекет”.

По два и пол часовниот распит во Обвинителството, Ременски даде изјава за медиумите и рече дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет” како и со Меѓународниот сојуз. Но детали од распитот не соопшти.

Одговорите на сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз, облигационите односи кои Меѓународниот сојуз ги има со лица и со фирми се во контекст на тајност на изјавите. Не можам да ви дадам одговор на она што беше побарано од Јавното обвинителство да го дадам како одговор на одредени прашања“, рече Ременски.

За нејзината функција почесен претседател во Меѓународниот сојуз, изјави:

Почесното претседателство или почесното членство во ниту еден момент не подразбира формално-правна обврска за какво било учество и одлучување во органите на невладина организација.“

Во врска со тоа дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски потенцираше:

Јас квалификации за тоа што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест”, додаде пратеничката во изјавата.

За бројните фотографии со осомничениот во „рекет“ Бојан Јовановски таа вели:

Лицата фотографирани заедно со притворениот Бојан Јовановски, може да се прашање од интерес за надлежни институции, но не и прашање на првична осуда“.