Франција му понуди на Иран кредит од 15 милијарди долари, доколку Техеран во целост го почитува нуклеарниот договор од 2015 година.
Идејата за кредитот ја соопшти шефот на француската дипломатија, Жан-Ив ле Дријан, кој од Дубаи порача дека продолжуваат разговорите за тој кредит, чија гаранција би била иранската нафта.
Идејата за давање на кредитна линија гарантирана со замена за нафта, под еден е враќање на нуклеарниот договор, а под два, безбедност во Заливот и отпочнување на преговори за регионална безбедност и нуклеарна програма по 2025 година (кога истекува актуелниот договор) – истакна Ле Дријан.
Францускиот министер додаде дека постигнувањето таков договор ќе зависи од американскиот претседател Доналд Трамп односно од неговото одобрување, со оглед на тоа што тој ги повлече САД од Договорот и воведе нови санкции кон Иран.
Comments are closed for this post.