Секојдневната рутинска работа во сопствениот кокошарник завршила трагично за една постара жена во Австралија – неа ја убил агресивниот петел. Несреќата се случила кога жената дошла во кокошарникот да собере јајца, а тогаш агресивниот петел ја клукнал во вена по што таа искрвавила до смрт. Нејзиниот идентитет медиумите не го соопштија.
Роџер Бајард, форензичар од Универзитетот во Аделаида го истражувал случајот и издаде предупредување до Австралијанците за опасностите од нивните миленичиња.
Најважно е да им укажам на постарите луѓе кои имаат набабрени вени тоа да го корегираат оперативно, зашто таквата состојба претставува сериозна опасност“, изјавил форензичарот.
Тој на медиумите им посочил и други случаи кога домашно милениче усмртило сопственик, како што бил еден случај кога мачка каснала за нога сопственик кој исто така искрвавил до смрт, оти крвавењето не можело да се запре.
Comments are closed for this post.