Едно приватно католичко училиште во Нешвил, Тенеси (САД) донело одлука да се исфрлат од училишната програма сите книги со Хари Потер. Одлуката е донесена врз основа на проценката дека сите магии во книгата се вистина и тие можат да бидат злоупотребени од луѓе.

Според Си-би-ес, пасторот на училиштето „Св. Едвард“ им пратил имејл на родителите во кое ги информира оти зборувал со егзорцист (специјалист за истерување зли духови) кој го советувал да ги забрани книгите затоа што тие се опасни.

Тие книги опишуваат и добри и лоши магии, но во суштина станува збор за паметна измама. Магиите и клетвите во книгата се вистински и ако се спроведуваат од луѓе може да се разбудат злите духови“, напишал пасторот во писмото до родителите.

Ова не е прва реакција на книгите на Џоан Роулинг. Лани во април свештеници во Полска ги запалија нејзините книги затоа што пишуваат за свети нешта.