„Русија ќе биде слободна“ и „Ова е наш град“ извикуваа неколку илјади демонстранти кои се собраа во центарот на Москва, барајќи чесни и слободни локани избори закажани за 8 септември.
Тие бараат опозицијата да учествува на изборите, како и ослободување на активистите кои биле уапсени на претходните протести.
Демонстрантите се собраа и покрај забраната на градските власти, наведе „Ројтерс“.
Од учество на изборите досега за елиминирани 39 независни кандидати поради прекршување на процедурата.
Централната изборна комисија на Русија соопшти дека ќе преконтролира од која причина се симнати од листата независните кандидати, предложени од непарламентарната опозиција.
Comments are closed for this post.