Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека навистина е за правдата со тоа што ќе даде придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство.
Ги повикуваме да дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство. Да докажат со дела, а не само со зборови. Да дадат придонес сите кои ги прекршиле законите да одговараат. Без разлика за кого се работи. Покажавме дека никој не е недопирлив. Системот функционира и ќе има правда.
Тој пред новинарите рече дека СДСМ останува со граѓаните да работи во нивен интерес и дека партијата продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.
Comments are closed for this post.