ВМРО-ДПМНЕ испрати барање до Собранието, на пленарната седница за предложените уставни измени да му овозможи обраќање на партискиот лидер, Христијан Мицкоски.
Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која во овој перидо ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзиите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција и чијшто претседател Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претсавници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени, стои во барањето испратено од ВМРО-ДПМНЕ до парламентот.
Во барањето партијата додава дека ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 претседателот на Собранието може да покани на седница да присуствуваат и во работата да учествуваат претсавници на други органи и организации.
Comments are closed for this post.