Претседателот Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Македонска Kаменица и на рудникот „Саса“ каде го честиташе Денот на рударите и Денот на општина Македонска Kаменица, а на православните христијани им го честиташе празникот Успение на пресвета Богородица.
Шефот на македонската држава рече дека денес е во една од најуспешните компании, која е специфична по многу нешта, компанијата е еден од најголемите двигатели на економскиот развој во тој регион, но во исто време ги запазува и највисоките еколошки стандарди и води исклучително сметка и за своите вработени.
Рудникот „Саса“ е компанија која прва во својата област ги доби сите сертификати за заштита на вработените и за заштита на човековата околина. Во ова време кога сите трчаат по профит, сите треба да го следат нивниот пример. Драго ми е што во Република Северна Македонија има компанија која работи по највисоките светски стандарди и која се грижи за заштита на човековата средина, за вработените и за локалната заедница. Вакви примери ни требаат што повеќе. Да им оддадеме признание и апелирам да бидат пример и за другите“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.