И Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција и Кривичниот суд Скопје се уште не утврдиле како протече во јавноста содржината или барем дел од неа од записникот воден при пријавувањето на случајот „Рекет“ од страна на бизнисменот Орце Камчев. Двете институции од правосудниот систем тврдат дека истрагата и натаму трае, иако од Кривичен ја отворија и дилемата дали записникот воопшто стигнал кај нив.
Шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Русковска, во својата последна изјава за медиумите само додаде дека адвокатите на Камчев и самиот тој лично како сведок не го добиле записникот.
Записници на сведоци и на лица од кои се бараат известувања не им се доставуваат, ниту записници од примање кривична пријава. Пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се денесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничените, рече таа.
На нејзиното тврдење дека тоа што беше пренесено во медиумите како исказ на Камчев во делот на политичарите воопшто не е точно и оти името на премиерот Зоран Заев е споменато само еднаш и тоа во контекст дека Камчев и него го информирал за „Рекет“, новинарот на порталот „Инфомакс“, реагираше со нов текст. Меѓу другото, со редица прашања упатени до неа, тој точно го посочува бројот на страницата од записникот и споменатото име на одреден политичар.
Но, индикативно е што за првпат се споменува и страница од записник од исказ на друг бизнисмен во Обвинителството. Ова, пак, отвора нови дилеми дали Обвинителството и Судот треба да ловат „крт“ или „кртови“ во своите редови и дали се работи за фотографирање со мобилен телефон или, пак, за изнесување не цели документи.
Comments are closed for this post.