Тоа што Грција го доби со договорот потпишан во јуни е дека поранешната Југословенска Република Македонија веќе нема да ја ословуваат како до сега како „Македонија“, туку како „Северна Македонија“, изјави денес Никос Коѕијас, грчкиот министер за надворешни работи.
„Многу од моите колеги велеа дека се обидувале во изминатите 15 години земјата да не ја нарекуваат „Македонија“. Сега благодарение на оваа влада таа ќе се вика „Северна Македонија“, од Американците исто така, изјави денес Коѕијас за Реал ФМ.
Тој додаде дека до сега три четвртини од светот земјата ја ословувале со „Македонија“ и „за среќа сега со овој договор таа ќе стане „Северна Македонија“, а притоа го спомна и примерот со Америка која не го користела официјалното име, односно референцата.
Според Коѕијас, Грција добила повеќе со договорот, а тоа го аргументира со тоа што „соседната земја треба да спроведе референдум, уставни измени и промена на името, ќе продолжи да зависи од Грција, затоа што без ратификација на договорот од Преспа нема да стане членка на НАТО“.
Comments are closed for this post.