Големи пожари ги горат белите дробови на нашата планета – илјадници хектари од прашумата во Амазон изгореа, но додека целиот свет гледа кон катаклизмата во Амазонија, во Африка се случуваат пожари на огромна територија.

На сателитите на НАСА можат да се видат како огромни пожари се шират низ во Африка:горат повеќе од 10.000 пожари во Ангола, Конго, Танзанија и во Замбија. Само во Ангола се регистрирани 6.902 пожари, во Конго 3.395, споредено со Бразил каде има 2.127 пожари.

Но, додека во Бразил гори шума, и претставува вистинска катаклизма, во централна Африка, станува збор за акција на земјоделците кои со палење на стрништата си создаваат простор за новата сеидба.