Вредноста на акциите на „Епл“ паднаа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер објави „наредба“ до американските компании да престанат да тргуваат со Кина.

И додека претседателот на САД не е диктатор и на неговите „твитови“ не може да се гледа како на директна наредба, многумина стравуваат дека ќе ја искористи неговата моќ да ги повлече американските компании од Кина.

А тоа може да биде голем проблем, посебно за „Епл“ чии „Ајфон“ се дизајнира во Америка, но се склопува во Кина.


СиЕнБиСи известува дека Трамп ги крена давачките на стока од Кина вредна 250 милијарди долари од 25 на 30 отсто и дека новите правила на сила стапуваат од 1 октомври.

А давачките на дополнителни 300 милијарди долари од Кина ќе бидат зголемени од 10 на 15 отсто од 1 септември.

Во оваа втора група влегуваат и „Епл Воч“ и „АирПодс“ слушалките.

Оригиналните планови го вклучуваа и Ајфон, но Трамп одлучи да почека со овие давачки до 15 декември како истите не би влијаеле на празничната продажба на смартфони и останатите електронски уреди.

Трошоците на компаниите можат овие дополнителни давачки да ги амортизираат и да наштетат на својот профит или да ги префрлат на купувачите со што ќе порасне цената на производите.

Ејпл покриваше одредени давачки како цените би останале исти, но се уште не е познато што ќе се случи кога новите такси ќе стапат на сила.

Едно од можните долгорочни решенија ако финансинската војна меѓу Кина и САД продолжи е секако преместување на производството во други земји.