Излеговме на лозарски протест за подобри цени на грозје, без политика. Ова го истакна претседателот на Здружението „Напредни лозари“ Трајче Кулев, на вечерашниот протест на градскиот плоштад во Кавадарци.
На протестот, како што рече Кулев, присуствуваат лозари и земјоделци од регионот, претставници на повеќе здруженија на лозари и земјоделци, претставници на Конфедерацијата на синдикалните организации во државата, како и многу други кои ги поддржуваат барањата на лозарите во најголемиот лозарско-винарски регион во земјата. Тој ги повтори барањата до винариите, минимум цена од 16 денари по килограм грозје.
Не сме ги заборавиле бенефитите од оваа Влада, помошта за исплата на грозјето предадено пред неколку години, нејзините напори за унапредување на лозарството. Но, доколку не се постигнат цените кои ги бараме од винариите, да има дополнителни државни субвенции за да се постигне производствената цена на грозјето. Исто така, во иднина, бараме закон за вино како тој за тутун, договорни цени пред гроздобер, аванси до 20 проценти од договореното производство, откупувачите да имаат обезбедено парични средства пред откуп, слободен извоз на грозје, нагласи Кулев.
Comments are closed for this post.