Голем шумски пожар избувна во близина на ветрниците кај Богданци, но поради непристапниот терен засега не може да интервенираат противпожарните единици. Веста за МИА ја потврди градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов кој бара да интервенираат канадерите за гаснење на пожарот поради непристапниот терен. Пожарот се шири со голема брзина, и според информации од градоначалникот Шапов, гори нискостеблеста шума на околу 400 до 500 метри од ветерниците. Пожарот може да се забележи и од патот Струмица-Валандово, од превојот „Валандовско брдо“
Пожар исо така избувна попладнево во шума во селото Варвара во општина Студеничани во околината на Скопје, во правец кон селото Добри Дол, изјави за МИА командантот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Посочи дека во 17 часот имале дојава за пожарот од жители на селото и дека три возила со осум пожарникари се на терен.
Пожарот е под контрола и не може да се прошири кон куќите и викендиците. Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот, додаде Симоновски.
Comments are closed for this post.