Група на навивачи на Црвена звезда, на пат кон стадионот каде треба да се одигра плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампиони, нешто по 18 часот направија хаос кога помала група од навивачите предизвика тепачка, најверојатно, со зависници од дроги.
Полицијата во центарот на Берн, Швајцарија реагираше со пукање во воздух, боева муниција не е користена, а до тепачката дошло бидејќи навивачите од засега непознати причини биле испровоцирани.
Првиот натпревар во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампиони црвени-белите го играат против Јанг Бојс.
Comments are closed for this post.