Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поништува огласот, на кој се бараше советник за работи на дополнителен заменик министер – функција која постои само за време на пржинска влада, односно техничка влада која се формира пред избори.
Поради техничка грешка и превид во работната позиција, огласот за тоа работно место се поништува, стои во одговорот од МЗШВ до ПресингТВ.
Во огласот, објавен пред неколку дека, меѓу останатите позиции се бараше и советник за дополнителен заменик министер, без конкретни инфорации од министерството, кој е тој дополнителен заменик министер, дали воопшто постои ваква функција и која е целта за вработување.
Во огласот објавен од министерството освен советник за работи на дополнителниот заменик минстер, се бара и вработување на уште 40 тина други државни службеници.
Comments are closed for this post.