Војната на Блискиот исток и неизвесноста кога таа ќе заврши, ги принуди голем дел од бизнисмените своите фирми да ги префрлаат во Сингапур. Неколку влијателни медиуми и светски експерти пишуваат дека Сингапур станува новото Дубаи и дека голем број на банки, компании и инвестициски фондови го селат својот капитал во Сингапур.

Бизнисмени од Македонија и од регионот имаат сериозни бизниси во Дубаи па и тие веројатно размислуваат своите инвестиции да ги префрлат на посигурно место, во случајов во Сингапур.

Ројтерс“ пишува дека по ескалацијата на конфликтот со Иран, дел од инвеститорите со средства во Дубаи почнале да разгледуваат префрлување на дел од своите портфолија кон финансиски центри како Сингапур, кои се сметаат за постабилни во услови на геополитичка неизвесност.

Во својата анализа од овој месец анализира дека конфликтот ја доведе во прашање перцепцијата на Дубаи како апсолутно безбедно прибежиште за капитал, што ги поттикнува некои инвеститори да размислуваат за географска диверзификација на средствата.“.


Buisness times Singapore“ во својата анализа наведува дека приватните банки и менаџерите на богатство во Сингапур забележуваат зголемен број на барања од клиенти со средства во регионот на Персискиот Залив, кои бараат алтернативни финансиски јурисдикции поради зголемените безбедносни ризици.“.

Во прилог на овие тврдења говорат и информациите дека од почетокот на немирите цените на недвижностите во Дубаи паднале за повеќе од 30 проценти.


Уште еден сингапурски медиумSingapore Business Review“ наведува дека зголемените тензии на Блискиот Исток ги поттикнаа некои инвеститори да ги насочат средствата кон сигурни финансиски инструменти во Сингапур, вклучително и државни обврзници и приватно банкарство.

Професорот по економија на Дани Куах на Универзитетот во Сингапур во својата анализа „Сингапур во трансформација како финансиски хаб забележува:

Развојот на Сингапур како глобален финансиски центар се должи на комбинацијата од политичка стабилност, силна регулаторна рамка и способност да привлече меѓународен капитал.“

Во публикацијата Asia Generational Wealth Report пак се наведува дека„Сингапур се трансформира во еден од најдинамичните глобални центри за управување со богатство и претставува клучна порта за прекугранични капитални текови во Азија.“

Познавачите на случувањата на Блискиот Исток наведуваат дека Дубаи секогаш бил атрактивен поради даночните бенефиции, но сега тие можеби не се најважниот приоритет., туку сега во преден план се става безбедноста и на луѓето и на капиталот.