Илјадници луѓе протестираа во центарот на Мадрид против плановите за префрлање на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко во католичката катедрала Алмудена.

Протестите се организирани поради тоа што семејствата на десетици илјади негови противници, убиени или затворени во текот на неговото 40-годишно владеење, се против тој да биде погребан во тоа исконско место. Катедралата се наоѓа веднаш до кралската палата, е седиште на католичката бискупија за Мадрид и е осветена од папата Јован Павле втори.

Незадоволството кај фамилиите на жртвите на диктаторот доаѓа откако во септември шпанските пратеници го одобрија преместувањето на останките на Франко од мавзолејот, каде што се закопани триесетина илјади жртви на граѓанската војна што траеше од 1936-1939 година.

Мавзолејот „Долина на паднатите“ каде што беше погребан Франко во 1975 година

Засега не е познато дали и кога ќе бидат префрлени останките на Франко. Неговото семејство има крипта во катедралата Алмудена и неговата ќерка е погребана таму.

Фондацијата, која го носи неговото име и го промовира споменот на поранешниот диктатор, смета дека неговите останки треба да бидат погребани во катедралата во Мадрид.