Најскапа земја во Европа, според најновите податоци на Еуростат е Исланд.

Цените во таа земја минатата година биле за дури 56 проценти повисоки од европскиот просек.

Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.

Пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу десет, а пиво седум евра.

Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница е 17, а пакет јајца пет евра.

Сепак, просечната бруто плата на постојано вработените лица во Исланд изнесува околу 4,5 илјади евра.

Изнајмувањето на мал стан во центарот на Рејкјавик изнесува 1.300 евра месечно.

Кога станува збор за регионов, нашата земја е најевтина по Турција. Најскапа е Хрватска, Словенија се наоѓа на 19. место, Црна Гора е 30, следува Србија, додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 34-то место на листата на најскапите земји.

По Исланд, Швајцарија и Норвешка следува Данска, Ирска, Луксембург, Финска, Шведска, Велика Британија и Холандија.