Жена, која од гушење, веќе десет години е во кома останала трудна, а на 29 декември и се породила, пишува Вашингтон пост.

Полицијата отпочна истрага за силување во болницата „Хациенда ХелтКер“.

Се наведува дека персоналот во болницата не знаел дека жената е трудна се додека не почнала да се породува.

Истакнуваат дека е родено здраво бебе.

Портпаролката на болницата Ненси Саломон потврди дека во тек е истрага и дека во овој момент не може да сподели повеќе информации.