Киев бeше шокиран од обемот на барањата на САД за украинските минерални ресурси и овие предлози беа отфрлени, пишува Вашингтон пост.

Украински функционер ја спореди оваа ситуација со начинот на кој Европејците ги поделија африканските колонии во 18 век и рече дека тоа може да доведе до одземање на правата за развој на украинските ресурси со децении без никакви гаранции дека инвеститорите навистина ќе ги развијат.

Друг украински функционер смета дека САД се обидуваат да воспостават контрола врз ретките метали и материјали како што се литиум, графит и ураниум.

Украинските власти развиваат контрапредлог кој ќе му даде на Вашингтон поголем пристап до природните ресурси, но ќе ги зајакне американските безбедносни гаранции за Украина“, изјавија за Вашингтон пост извори запознаени со разговорите.

Еден од украинските функционери рече дека предлогот за минерални суровини пристигнал во Киев четири часа пред средбата на Зеленски со американскиот министер за финансии Бесант. На средбата министерот за финансии „инсистирал“ на итно потпишување, но Зеленски одбил. Весникот пишува дека тој самиот имал само „неколку минути“ да се запознае со договорот.

На состаноците во Минхен, Украина ѝ кажа на администрацијата на Трамп дека не може легално да пренесува ресурси според предложените услови, но истражува алтернативи.

Висок украински функционер рече дека раководството на земјата е подготвено да стори речиси сè за да ја задржи американската поддршка, вклучително и „масивни испораки на украински јајца“.

„Во земјата има вишок јајца, а раководството на земјата е свесно за брзиот пораст на нивната цена во САД“, рече изворот.