Шпански официјални лица соопштија дека уапсиле најмалку 15 луѓе и заплениле повеќе од пет тони кокаин, сокриен во товар со банани.
Во акцијата, која е се уште во тек во јужниот град Малага, учествуваат припадници на Цивилната гарда и националната полиција, изјави неименувано официјално лице.
Десетина полициски автомобили се наоѓаат во индустрискиот парк во Малага каде се одвива акцијата на апсење, наведуваат очевидци за локалниот весник „Диарио Сур”.
Comments are closed for this post.