Италијанската полиција во градот Фоџа запленила 800 килограни марихуана и уапсила двајца Албанци.

Уапсените Марсел Браколари и Џулиано Хаџирај, биле запрени од полицијата во моментот кога дрогата, што потекнувала од Албанија, ја транспорирале со комби возило,во кое имало уште две лица, но тие успеале да избегаат.

Според италијанската полиција, вредноста на дрогата на нарко пазарот се проценува на околу шест милиони евра.

Само пред два дена италијанската полиција на крајбрежјето кај Виесте, заплени моторен чамец натоварен со два тона марихуана. Во акцијата беа уапсени и двајца Албанци.