Италијанската полиција заплени дрога во вредност од над половина милијарда евра. Двете пратки од над 2,7 чист кокаин од Колумбија биле наменети за Шпанија. Огромното количество кокаин е запленета благодарение на соработката на службите од Колумбија, Велика Британија и Шпанија.
Првиот удар бил зададен во средата, 30 јануари, на пристаништето во Ливорно. Дрогата била сокриена во контејнер со други стоки. Количината била над 2 тона кокаин со исклучително висока чистота, а вредноста му се проценува на околу 500 милиони евра, што претставува најтежок удар против нарко-мафијата во последните 25 години.
Две недели претходно во пристаништето Генуа карабинерите фатиле друга пратка од 650 килограми. Полицијата смета дека вредноста на дрогата изнесува околу 130 милиони евра. Количеството на запленетиот кокаин во двете операции е двојно поголемо од конфискуваниот за цела 2018 година.
Каналот бил организиран од клан на калабријската мафијашка организација „Ндрангета“. И двете пратки биле доставени од колумбискиот „Клан од Заливот“, кој е релативно нова организација, што ја пополнила празнината во производството на наркотици по разбивањето на картелите „Кали“ и „Меделин“.
„Кланот од Заливот“ е паравоена структура, која со оружје ги брани контролираните територии со кокаинови плантажи од владината армија и другите наркокартели. Меѓународни експерти сметаат дека кланот контролира околу 70% од производството на кокаин во земјата.
Comments are closed for this post.