Градоначалничката на Варшава, Хана Гронкјевиќ-Валц го забрани машот на полските националисти планиран за во недела, кога во Полска се одбележува Денот на независноста. Оваа година земјата ја слави 100-годишнината од својата независност, стекната во 1918 година на крајот од Првата светска војна.

Таа ја образложи својата одлука со ставот дека на прославата на Независноста не треба да има демонстрација на национализам, со оглед на тоа што, како што рече, Варшава има претрпено многу поради национализмот. Притоа, градоначалничката потсети дека во октомври, поради се поголемиот број екстремистички и националистички манифеставии во Европа, Европскиот парламент, побара од земјите членки на Европската Унија да преземат чекори против зачестувањето на говорот на омраза и насилството.


Ставот на првата дама на Варшава има потпора и во минатогодишната прослава на Денот на независноста, кога во масата народ од преку 60 илјади луѓе, меѓу кои имаше семества со деца, имаше бројни групи од екстремисти коишто носеа транспаренти со пораки, како „Бела Европа на братските народи“, „Европа ќе биде или бела или без луѓе“, се извикуаа паролите „Нашиот пат е национализмот, удри по либерализмот“, „Бог, чест, татковина“, „Полска бела и католичка“, а повремено се слушаше и скандирање „Евреите надвор од Полска“.


Пред градоначалничката на Варшава, забрана за собирање и марш на националистите абрани и градоначалникот на Вроцлав, Рафал Дуткијевич, поради тоа што еден од организаторите на маршот, Пјотр Рибак, на плоштад во Вроцлав запали кукла Евреин и го славеше тоа како патриотски чин.

Организаторите на маршевите во Варшава и во Вроцлав најавија дека се жалат на одлуката за забрана, но дури и ако тие жалби бидат прифатени, градските власти имаат право да ги забранат и по почетокот на маршот, на лице место.