Британскиот принц Чарлс рече дека нема да се меша во државните прашања кога ќе стане крал „зошто тоа би било бесмислено“.

Во интервју за Би-Би-Си по повод неговиот 70-ти роденден, британскиот престолонаследник – кој се најде на удар на критиката заради изнесување ставови по прашањата како што се климатските промени – рече дека знае дека поинаку треба да постапува кога ќе стане крал.

Чарлс истакна дека мора да оперира во рамки на „уставните параметри“, а за себе вели дека нема да може „да го работи истото како престолонаследник“.

Принцот Чарлс се залагаше за прашања како што се зачувување на природната средина, архитектура и користењето на ГМО.

На британскиот монарх, по правило, забрането му е да се меша во политика.